ТЕРЕНСКИ УВИД НА ЦРКВАТА УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА МАТКА

Теренските увиди на сакралните профани градби се дел од програмските активности на НУ Конзерваторски центар - Скопје. Во склоп на тие активности направен е увид во состојбата на црквата Успение на Пресвета Богородица - Матка . При увидот констатирани се видни оштетувања на фасадата на горниот и страничните делови од влезот во црквата. НУ Конзерваторски центар - Скопје за таа цел ќе изработи конзерваторско-реставраторски проект во делот на фреско живописот се во интерес на заштитата на културното наследство.


