Меморијален комплекс " Партизански гробишта " во Бутел

Во склоп на теренските активности заедно со стручен тим од установата , Лабин Томовски и Нита Муча, направивме увид во состојбата на меморијалниот комплекс " Партизански гробишта " во Бутел. Од направениот увид стручниот тим изготви Извештај пропратен со фотодокументација за степенот на загрозеноста на меморијалниот комплекс " Партизански гробишта " во Бутел и истиот е доставен до УЗКН и Министерството за култура ~ Сектор за заштита на културното наследство.



