ПОСЕТА НА ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ГЕНЕРАЛШТАБОТ НА АРМИЈАТА НА РЕПУБЛИКА ХРВАТСКА
Делегација предводена од началникот на Генералштабот на Армијата на Република Хрватска , Генерал Мирко Шундов заедно со началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија ,Генерал Павле Арсовски во посета на Црковниот комплекс Свети Спас во Скопје. Видна беше заинтересираноста на началникот на Генералштабот на Армијата на Р. Хрватска Мирко Шундов за Иконостасот на познатите мијачки мајстори од самата изработка на ова ремек дело кое е од непроценлива вредност при што детално беше презентирано за начинот на обработката на дрвото – резбата, копаничарството како гранка во народната уметност, мотивите кои се опфатени како и за Галеријата на престолните икони.