Kонзерваторски надзор кај Лапидариумот - " Куршумли ан " Скопје

Под конзерваторски надзор назначен од нашата установа се вршеше отстранување на дрвјата и останатата шуместа флора која причинуваше огромна штета во дворот и кровната конструкција кај Лапидариумот кој е составен дел од заштитеното културно добро " Куршумли ан " во Скопје. Присутен беше и тим од стручни лица назначен од Археолошкиот музеј на РС Македонија.


