Mанастирска црква ” Свети Никола – Шишевски ” село Шишево
Заштита на културното наследство –манастирска црква” Свети Никола – Шишевски ” село Шишево , Матка, скопско
Посета на манастирската црква “Свети Никола – Шишевски ” во Шишево ,Матка , скопско, со Увид во состојбата на културното наследство. Во разговор со домаќинот на црковниот комплекс Зоран Ѓеоргиевски кој 30 години води грижа за црквата , ми укажа за децениските проблеми со кој се соочува заради непристапниот пат кој води до црквата и затоа ова културно добро е заборавено . Како што спомена , се правеле неколку обиди во минатото црквата да се реконструира, заради степенот на оштетеноста во делот на архитектурата , особено кровната конструкција , но непристапниот пат преставува проблем за достава на градежен материјал . Иста е состојбата и со фреско – живописот кој во значителна мера е оштетен за време на земјотресот со видливи напукнатини , оштетени горни зони од влага , но и од несовесни посетители на црквата.