ТЕРЕНСКИ УВИД НА МАНАСТИРСКИТЕ ЦРКВИ СВЕТИ НИКИТА-БАЊАНИ, СВЕТИ АРХАНГЕЛ И МИХАИЛ-КУЧЕВИШТЕ, СВЕТИ СПАС – КУЧЕВИШТЕ, СВЕТИ НИКОЛА ЉУБОТЕН
Континуирано продолжуваат теренските увиди на профаните сакрални градби кои се дел од културното наследство. Направени се увиди од страна на стручен тим од НУ Конзерваторски центар – Скопје на манастирските цркви Свети Никита – село Бањани , Свети Архангел и Михаил – село Кучевиште , Свети Спас – село Кучевиште и Свети Никола – село Љуботен. Теренските увиди се основ за изработка на проекти во делот на архитектурата , на фреско живописот но и околните пропратни градби како што се конаците и камбанариите како дел од манастирските комплекси. Таков е случајот со конаците во црковниот комплекс Свети Никита – с. Бањани за чија цел е изработен Проект за обнова на конаците како и за црквата Свети Никола – с. Љуботен за кој се работи на изработка на архитектонско проектно решение за постојната состојба со поставување на транзени и внатрешно малтерисување како и реализација на проектот за конзервација и реставрација на зидното сликарство.
no images were found