Посета на црковниот комплекс Свети Спас
Посета на црковниот комплекс Свети Спас од страна на Претседателот на РС Македонија Стево Пендаровски и Претседателот на Република Словенија Борут Пахор.
Заедичката претседателска посета беше во чест на Великанот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев и во таа пригода беше оддадена почит со поклонение и положување на венци пред неговиот гроб .
Посетата беше искористена и за посета на црквата Свети Спас каде што беше презентиран непроценливиот иконостас ,иконите и фреско-живописот, културни добра од 19-тиот век.
Посетена беше и Поставката за Гоце Делчев со запознавање на ценетите гости преку презентација на животниот и револуционерниот пат на Великанот и борец за македонската самобитност и самостојност Гоце Делчев.