Увид на споменичното добро црквата Свети Никола во село, Љуботен
Согласно програмските определби, денес направивме Увид на споменичното добро црквата Свети Никола во село, Љуботен. За изработка на конзерваторско-реставраторскиот проект со архитектонско решение на апсидалниот дел од црквата, потребни се геомаханички истражни работи и за таа цел со Раководителот на проектот Мирка Илоска, диа советник конзерватор го запознавме Др.Христо Ѓорѓевски, дги, со подетални информации кои ќе послужат за решение при изработка на проектот преку изработена Проектна програма и Елаборат од изведените и добиени сознанија од геомаханичките истражувања.