Увид во состојбите на заштитените спомениците
Заедно со стручен тим од НУ Конзерваторски центар – Скопје денес направивме посета со увид во состојбите на заштитените спомениците на културата од отоманскиот период – ” Султан Муратова џамија ” Саат Кула ” , ” Гази Иса бегова џамија ” , ” Јаја паша џамија ” и ” Алаџа џамија ” .
Од направените увиди стручниот тим ќе направи извештаи со фотодокументација за состојбите на споменатите заштитени споменици на културата од отоманскиот период. Заштитата на културното наследство е секогаш приоритет ,впрочем тоа е и основната цел на установата покрај останатите работни активности и задачи,но секогаш потребно е да се има приоритет а тоа е заштитата на културните добра .
no images were found