Посета на Министерот за култура на Народна Република Кина
Посета на црковниот комплекс Свети Спас во Скопје од страна на Министерот за култура на Народна Република Кина, г-дин Луо Шуганг заедно со Министерот за култура на Република Северна Македонија г-дин Хусни Исмаили.
Посетата од страна на министерот за култура на НР Кина Луо Шуганг на црквата Свети Спас во Скопје е во време кога НУ Конзерваторски центар Скопје изведува реализација на конзерваторско- реставрациска активност на Иконостасот. Виден беше интересот на министрите за постапките околу конзерваторско-реставраторските работи но и самата изработка на Иконостасот од врвните мијачки копаничарски мајстори.Презентиран беше и фреско живописот на самата црква .Од страна на установата како попдарок на министрите и делагацијата од Народна Република Кина им беа доделени публикации за Иконостасот како и монографско издание за Гоце Делчев.Во таа пригода министерот од НР Кина изрази желба да се фотографира со публикацијата за Иконостасот од црквата Свети Спас.