Проект за конзервација, реставрација и конструктивна санација на ,,Нова Пошта” во Скопје
Во тек се конзерваторско – истражувачките работи за изработка на проект за Конзервација , реставрација и конструктивна санација на објектот од бетонска градба ,,Нова Пошта” во Скопје – архитектонски проект. Раководителот за изработка на проектот Константин Димитровски, диа конзерватор советник, д-р проф. Мери Цветковска градежен инжинер, експерт за опожарени бетонски градби и Петар Јованов диа , заедно со својата асистентка напоредно работат со преземање на активности за изработка на проектот. Сите добиени сознанија од истражувањата ќе бидат сублимирани и вградени во делот на статичко зајакнување кој го опфати куполниот дел од шалтер салата и шалтер салата на поштата.