Реализација на проект на културното добро во опасност, црквата Свети Спас во Скопје
Завршни изведбени работи на културното добро во опасност, црквата Свети Спас во Скопје – фаза архитектура, со дренажен опфат од северната страна на црквата за прибирање на атмосферските води во два сливника. Со ова се анулира создавање на влага која преставува опасност за вредното културно наследство кое го поседува црквата но и на појавената влага на сеседниот ѕид т.е. на работните простории на установата . Ова е прв дел од фазата архитектура, следат покривните изведбени работи кои ќе започнат во текот на наредната недела.