“Споменична целина Нова Пошта” во Скопје
Увид во состојбата на значајното културно наследство “Споменична целина Нова Пошта” во Скопје
Степенот на загрозeноста на опожарениот објект “Шалтер салата” во “Споменичната целина Нова Пошта” во Скопје изискува дополнителни увиди, овојпат Стручниот тим предводен од Константин Димитровски , диа советник конзерватор,Мери Цветковска градежен инжинер – експерт за опожарени бетонски објекти, Петар Јованов диа и Благица Стојчевска, диа – раководител на Самостојна служба за градежништво и инвестиции во АД ” Пошта на Северна Македонија ” направија увид на опожарениот куполен и подрумски дел од објектот . Сите овие увиди се предуслов за отпочнување на истажувачки активности кои предстојат и се основ за изработка на Проект за реконструкција,конзервација,реставрација и адаптација.