” Округла зграда и шалтер сала / Централна пошта “
Стручен тим од НУ Конзерваторски центар – Скопје денес направи Увид во состојбата на објектот Централната пошта
” Округла зграда и шалтер сала “. Извештајот од направениот увид со пропратна евидентирана фото-документација ќе се вгради во изработката на Елаборат за валоризација на објектот
Управна зграда – Дирекција
( т.н. ” Округла зграда и шалтер сала / Централна пошта ” ) на АД за поштенски сообраќај ” Пошта на Северна Македонија “.