Посета на Цр. Св. Спас во Скопје
Во ова време на Covid 19 ретки се посетите од страна на туристи на црковниот комплекс ” Свети Спас ” со посета на црквата каде што се наоѓа бесценетиот Иконостас изработен од мијачките мајстори , браќата Петре и Марко Филипоски и Макакарие Фрчковски и бесценетите Икони на Дичо зограф.
Гостинката од Република Турција беше воодушевена од ова наше културно богаство , при што преку нарацијата беше подетално запознаена од начинот на изработката на Иконостасот , резбата , деталите , прикажаните сцени , мотиви итн..
Во знак на сеќавање и подаривме промотивен материјал – публикација , каталог и брошура за Иконостасот и Старата скопска чаршија.