Увид во состојбата на културното наследство ” Турбе на Ашик Челеби ” – Гази Баба
Стручен тим од НУ Конзерваторски центар – Скопје во склоп на своите теренски активности , направи увид во состојбата на културното добро ” Турбе на Ашик Челеби ” кој се наоѓа на самиот врв на ридот Гази Баба, каде што е погребан еден од првите османлиски литерати и поет Ашик- Челеби.
Старото турбе изгорело кон крајот на 19 -тиот век ,да подоцна биде изградено ново од страна на Хаџи Галиб – бег. Новото турбе било осумстрано од типот на затворени турбиња со купола. За време на земјотресот 1963 година турбето беше разрушено и истото повторно изградено. Во близина на турбето се пронајдени муслимански гробови кои своевремено биле во состав на еден од најголемите и најстари комплекси на муслимански гробишта во Скопје но и остатоци од стели и тули од изградбата на турбето од отоманскиот период. Несовесното постапување од страна на излетници е видливо со испишаните графити на турбето.