Споменично културно наследство ” Стара турска пошта ” Скопје
Стручен тим од НУ Конзерваторски центар – Скопје направи увид во состојбата на споменикот на култура ” Стара турска пошта ” изградена кон крајот на 19-тиот век за што сведочи натписот на камената плоча поставена над влезната врата.
Овој споменик на културата е сместен помеѓу вилаетскиот конак ” Уќумат “и Мустафа пашината џамија наспроти скопското Кале. За време на нејзината изградба таа била прва турска телеграфана. Првобитно објектот имала правоаголна основа и се состоел од приземје и кат на кој што подоцна бил дограден уште еден кат . Како последица од земјотресот од 1963 година објектот бил оштетен и со неговата реконструкција бил отстранет доградениот кат.