Сенаторска делегација од Република Франција
Сенаторска делегација од Република Франција во посета на црковниот комплекс Свети Спас .
Ценетите гости беа воодушевени од ремек делата на нашиот врвен мајстор на иконописот Дичо Зограф , на копаничарството од Макарие Фрчковски и браќата Филиповски и фреско живописот на Димитрие Андонов – Папрадишки. Презентиран беше и револуционерниот пат на великанот на македонскта борба за независност , Гоце Делчев.