Реализација на конзерваторски проект ,,Аквадукт” – Скопје
Работен увид во степенот на реализација на конзерваторскиот проект ,,Аквадукт” во Скопје . Во тек се изведбените работи на изработка на конструкција за времено потпирање на критичните столбови за време на изведба на мерките за стабилизација. Напоредно течат и работите на доѕидување со камен и тула во варов малтер на столбовите на местата на поставените челични затеги со дадена рецептура за малтерот за ѕидање во техничкиот опис со напомена да ѕидаријата се прави без финална обработка на површината на столбовите во оваа фаза.