Посета на Главниот одбор на СБМ од НОАВМ заедно со странски делегации
Главниот одбор на СБМ од НОАВМ заедно со странски делегации, гости по повод 11 Октомври и големиот јубилеј 80 години од НОБ во посета на црковниот комплекс Свети Спас во Скопје. Сите заедно положија свежо цвеќе пред гробот на Гоце Делчев.
По повод 80 години од Денот на народното востание 11 Октомври, посета на црковниот комплекс Свети Спас од страна на делегации на Сојуз на борците на НОБ од Република Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина Словенија и Унгарија кои положија венци пред гробот на Великанот на македонската борба за самостојност и независност, револуционерот Гоце Делчев.
Почитуваните гости ја посетија црквата Свети Спас каде што со особено внимание ја проследија презентацијата од страна на Ирина Спировска на ремек делото на нашите копаничари, Иконостасот, престолните икони и фреско живописот. Особено задоволство предизвика посетата на Изложбената поставка за Гоце Делчев каде што најголем интерес побуди кај Претседателот на СБМ Никола Стојановски , секако и кај останатите гости , кој за прв пат ја виде поставката , беше воодушевен и се задржа најмногу независно од годините. На крајот гостите се потпишаа во книгата за впечатоци и со заедничка фотографија ја овековечија посетата на црквата Свети Спас во Скопје.
Aco Kostov, Gordan Nikolov and 51 others
2 Comments
Like
Comment