Објект на ул. Наум Наумовски Борче бр.88 во Скопје
Реализација на конзерваторско-реставраторски проект на “Објект на ул. Наум Наумовски Борче бр.88 во Скопје”. Покривачкиот дел од кровната конструкција е во завршна фаза со поставување на изолациони материјали и дрвена граѓа , по што следи поставување на керамиди и олуци.
Влагата на овој објект е главен причинител за состојбата во која се наоѓаше досега и решавањето на овој проблем значително ќе го подобри квалитетот на живеењето на станарите но и репрезентативност на објектот кој се наоѓа во централното градско јадро. Покривачкиот дел е прва фаза од проектот, следи втора фаза, обновување на фасадата на целиот објект.