НАЈДЕНИ АРТЕФАКТИ ВО КАРПОШ 4
На булеварот “Партизански одреди” при ископ на фекална канализација од страна на град Скопје, откриени се римски надгробни олтари (кипуси) и камен саркофаг од 2-от век. Беа извадени во присуство на Вера Атанасовска, археолог виш конзерватор и директорот Коле Чапкановски, како и Ленче Јованова, археолог, советник-кустос, вработена во ЈУ Музеј на град Скопје. Во соработка со Град Скопје истите ќе бидат пренесени на археолошкиот локалитет Скупи.