Манастирска црква ” Свети Пантелејмон ” село Горно Нерези
Во просториите на манастирскиот комплекс ” Свети Пантелејмон ” село Горно Нерези со присуство на Поглаварот на македонската православна црква Охридска Архиепископија Господин Господин Стефан , Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи М-р Даријан Сотировски , Директорот на Управата за заштита на културното наследство г-дин Ацо Костов , Директорот на НУ Конзерваторски центар Скопје Коле Чапкановски присутен со стручен тим од установата , Константин Димитровски диа,советник конзерватор и Нита Муча – историчар на уметноста како и преставници од свештенството , се одржа работна средба на која се загатнаа низа теми кои се однесуваат во делот на заштита на културните добра кои по своето значение се втемелени во нашето културно наследство. Посебен акцент се стави на споменичното добро , црквата
” Свети Пантелејмон ” во Горно Нерези за што беше изработен Елаборат за ревалоризација , кој е предуслов за изработка на проект првично во делот на архитектурата – покривната конструкција а понатаму и конзервација и реставрација на фреско живописот како и за целиот манастирски комплекс.