Културно наследство од отоманскиот период ” Турбе на Крал К’зи “
Посета со увид во состојбата на споменикот на културата од отоманскиот период ” Турбето на Крал К’зи ” ( Мавзолеј на кралската ќерка ).
Се претпоставува дека гробницата на принцезата Катерина Косача , ќерка на последниот босански крал Стефан е градена кон крајот на 15-тиот век или почетокот на 16-тиот век .Турбето е градено од камен и цигли на квадратна основа со четири столба со зашилени врвови а покриено е со купола на четири води. Турбето кое е дел од старите муслимански гробишта го посетувале муслиманите но и христијаните што останала и денешна традиција од почит кон кралската ќерка. Турбето на Крал К’зи е реставрирано и обновено во 2014 год.