Заштита на културното наследство
НУ Конзерваторски центар Скопје во своето работење опфати низа постапувања согласно приоритетите во Годишната програма за 2022 година
- изработка и реализација на проекти , нови или започнати запазувајки го континуитетот до конечна реализација, во делот на градителското и уметничкото културно наследство
- изработка на Елаборати за валоризација и ревалоризација на споменици на културата, поединечни или во споменични целини со Предлог Акт за подигање на степенот на заштита
- изработка на Заштитно-конзерваторски основи за културното наследство на барање на правни субјекти за изработка на основи за подрачја на опфати на Детални урбанистички планови
- вршење на Заштитни археолошки истражувања на барање на физички или правни лица
- конзерваторско-реставраторски истражувања за изработка на проекти за конзервација и реставрација во делот градителството – архитектура и ѕидно сликарство
- Презентација на културното и историското наследство кое е сместено во Црковниот комплекс “Свети Спас” во Скопје, културното наследство во црквата Свети Спас , бесценетиот Иконостас , престолните и празнични икони, фреско живописот како и Поставката за Гоце Делчев, пред домашните и странските посетители како и пред високите државни делегации.
Во делокругот на своето работење реализирани се и многу други постапувања по програмски и вонпрограмски активности.
Вредно е да се напомене да опфатот на надлежностите и делување е обемен – 10 градски општини; 6 приградски општини; Град Скопје и Споменичната целина “Стара скопска чаршија”, што значи постапувања по програмски и вонпрогамски активности, постапувања по барања на физички и правни лица и други субјекти на територија на 16 Општини, Градот Скопје и Споменична целина “Стара скопска чаршија” .
Како напомена што е за респект се реализација на капиталните проекти – “Аквадукт” во Скопје и “Спомен куќата на Лазар Личеноски” кои имаат континуитет во реализација со огромна подршка од Министерството за култура , како и започнувањето на изработка на проект за Делумна реконструкција, конзервација,реставрација и адаптација на објектот “Шалтер сала” на АД Пошта на Северна Македонија во Споменичната целина – Нова Пошта во Скопје.
За успешноста на реализација на Годишната програма за 2022 година говорат и низата постапувања кои се архивски заведени и документирани, како и за работењето на установата за период од 2018 – втор квартал 2022 година е направената Ревизија на успешност од страна на Државниот завод за ревизија . Сето ова говори за спроведените постапувања за Ефикасност на политики и мерки за заштита, управување и ревитализација на недвижното културно наследство од страна на НУ Конзерваторски центар Скопје.