Делегација од НАТО во посета на црковниот комплекс Свети Спас во Скопје.
Членови на делегација од НАТО предводени од генерал Филип Лавињ , Командант на Врховната сојузничка команда на НАТО за трансформација кои се во дводневна посета на нашата држава го посетиja црковниот комплекс Свети Спас во Скопје.
Почитуваните гости покрај посетата на црквата Свети Спас со бесценетиот Иконостас изработен од мијачките мајстори, иконите на Дичо Зограф и фреско-живописот на Димитар Папрадишки ја посетија и поставката на Великанот на македонската борба за независност , Гоце Делчев.