СОВЕСНО И ОДГОВОРНО Проект ” АКВАДУКТ ” во Скопје
Проект ” АКВАДУКТ ” во Скопје година 2019 – 2020
Сон на секој човек е да биде дел од тим кој со својот придонес и анганжман ќе даде значителен придонес во негова реализација.
Како директор на НУ Конзерваторски центар Скопје пред мене поставив два приоритета, првиот е Проект АКВАДУКТ во Скопје и реализација на Проектот КУЌАТА НА ЛАЗАР ЛИЧЕНОСКИ.
За 2 ( две ) години од Увид во состојбата до изработка на Проект “АКВАДУКТ ” во Скопје со сите фази.
Проект АКВАДУКТ во Скопје, не занемарувачки ги и останатите програмски и вонпрограмски проекти ,работни задачи и активности кои се во надлежност на институцијата.
Се започна со формирање на стручен тим од установата за Увид во состојбата и степенот на деградација на истиот.
Следеше процес на понатамошно постапување, изработка на Елаборат за ревалоризација и изработка на ИДЕЕН ПРОЕКТ со претходно назначен стручен тим и раководител на тимот.
По добивање на Конзерваторско Одобрение од страна на УЗКН за конзерваторски истражувања кои беа основ за изработка Основен проект – фаза градежништво.
Определување на динамички карактеристики на со теренски мерења на амбиентални вибрации со изработен Елаборат
Статичка и сеизмичка анализа со изработен Основен проект
Геотехнички истражни работи со изработен Елаборат
Геотехничко моделирање и анализа на техничко решение за санација на темелите со изравотка на Елаборат за фундирање
Геодетски мерења за утврдувања на постојната геометрија на објектот со изработка на Геодетски Елаборат
Во овој дел учествуваа професори и асистенти при Градежниот факултет од Скопје .
За изработка на Основниот проект – фаза Архитектура кој е сублимат на сите претходно изработени Елаборати од фаза градежништво ,Елаборат за ревалоризација и Идеен проект се формира стручен тим .
Во изработка на проектот фаза архитектура се поставија низа прашања на беше потребно да се даде одговор како финален производ исто како и во изработката на Идејниот проект.
Морам да напоменат дека исклучителен придонес на изработката на целокупниот проект АКВАДУКТ во Скопје дадоа раководителите на стручните тимови како и надворешните соработници како учесници на овој грандиозен проект од капитално значение како за институцијата така и за државата Република Северна Македонија.
Следи реализација на проектот по претходно направена стручна контрола од НУ Национален Конзерваторски Центар и добивање на Конзерваторско Одобрение од УЗКН и објавување на Јавна набавка согласно Законот за Јавни набавки.