Реализација на проектот „Аквадукт” во Скопје – Стабилизација на столбовите со микроколови
Со несмален интензитет се работи на стабилизација на столбовите со вградување на микроколови, процес кој ќе оневозможи понатамошна инклинација т.е. наклонување.
Изработката на времена конструкција за потпирање на критичните столбови како и поставувањето на челични затеги во отворите настанати од гниење на дрвените греди, стил на градење од отоманскиот период кој за жал придонесе за деградација на столбовите со обрушување на каменот, малтерот и останатиот вграден материјал, заѕидување на истиот беше неминовен процес за вградување на самобушечки цевки и инјектирање на микроколовите дупнатини со цементна инјекциона маса. Напоредно се изведуваат работите со две машини заради интезивирање на реализацијата на проектот во првата фаза.