Проект ” Спомен куќата на Лазар Личеноски “
Проектот ” Спомен куќата на Лазар Личеноски ” пред реализација
После многу години НУ Конзерваторски центар – Скопје го финализираше Проектот ” Спомен куќата на Лазар Личеноски ” кој по својата намена ќе прерасне во ” Музеј на Лазар Личеноски ” објект преку кој “Националната галерија на РСМакедонија ” како корисник на просторот ќе ги изложи делата на Лазар Личеноски на македонската јавност.
До реализација на проектот мораше да се поминат сите фази согласно законските регулативи, постапки кои се неминовни :
Ревизија на проектот со сите фази во делот на архитектурата , статиката,електриката,водовод ,ПП и ППЗ заштита,видео надзор
Добивање на позитивно мислење од Стручна комисија со направена стручна контрола назначена од Националниот конзерваторски центар на РС Македонија
Добивање на Конзерваторско одобрение од УЗКН
Назначен конзерваторски надзор од страна на Националниот Конзерваторски центар на РС Македонија
Реализација ќе се одвива во неколку фази,пред се како почетна фаза ќе биде статичкото зајакнување на објектот но во зависност од расположливите финансиски средства напоредно може да се делува и на фази кои непречено можат да се имплементираат.со единствена ,безбедна посета на Музејот ,гледано од аспект на статиката .
Очекуваме после објавувањето на Јавната набавка за кој секако попстои законска процедура и постапка да се отпочне реализација на овој и те како значаен проект како за Министерството за култура на РС Македонија ,НУ Конзерваторски центар – Скопје и Националната галерија на РС Македонија така и за македонската јавност.
Должност ми е да изразам огромна благодарност до сите учесници кои придонесоа за изработка на Основниот проект со сите фази но и Благодарност на останатите учесници кои несебично ми помогнаа да се Изработи т.е Измени Основниот Проект – фаза архитектура , фаза статика и фаза електрика ,заради неусогласености со законските регулативи од Степенот на заштита кој ги пропишува Законот за заштита на културното наследство.
no images were found