Посета на црковниот комплекс “Свети Спас” во Скопје
Посета на црковниот комплекс “Свети Спас” во Скопје од страна на Претседателот на Латвија г-дин Н.Е. Егилс Левитс заедно со Претседателот на Р.С.Македонија Стево Пендаровски, кои положија венци пред гробот на великанот Гоце Делчев.
На ценетите гости им беше презентирано вредното културно наследство – Иконостасот од мијачките мајстори Макарие Фрчковски и Петре и Марко Филиповски , иконите од Дичо зограф и фреско живописот од Димитар А. Папрадишки.