Посета на студенти од Архитектонскиот факултет од Скопје
Студентите од Архитектонскиот факултет заедно со проф. д-р Елизaбета Касапова , беа во посета на АКВАДУКТОТ, каде од страна на Раководителот на проектот Мирка Илоска, конзерватор советник, беа запознаени со историјатот и тековните конзерваторски зафати на Аквадуктот, причинителите кои доведоа за степенот на деградација и преземените досегашни активности, начинот и фазите последователно кој се применуваат при изведување на конзерваторските работи како и активности кои ќе следат во наредниот период од страна на НУ Конзеваторски центар Скопје со единствена цел, зачувување и доведување на Аквадуктот до степен за овозможување на посетителите на ова културно наследство од највисок степен на заштита, презентација преку туристички тури кои ќе влезат во мапата на град Скопје. Процесот е можеби временски долг во делот на конзервација и реставрација но во понатамошниот период следи хортикултурно уредување на просторот збогатен со дополнителни содржини за одмор, рекреација и едукативна презентација со што ќе се добие уште еден споменик на културата, репрезент на Р.Северна Македонија и на Град Скопје.