Истражувачки работи на фрескоживописот во црквата Свети Спас во Скопје
Стручен тим од НУ Конзерваторски центар Скопје започна со истражувачки работи на фрескоживописот во црквата Свети Спас во Скопје. Земените примероци од сондажните истражувања и добиените резултати од направената хемиска анализата ќе послужат за изработка на проект за конзервација и реставрација на ѕидното сликарство на црквата Свети Спас во Скопје.