Заштита на културното наследство
Заштитата на културното наследство преку изработка на Елаборати за валоризација и ревалоризација е еден од најзначајните сегменти во работењето на НУ Конзерваторски центар – Скопје при што се одредува степенот на заштита на спомениците на културата во споменичните целини со нејзините граници и контактните зони. Овие постапувања се согласно програмските приоритети на установата со цел анулирање на незаконити дејанија кон Спомениците на културата како и во Контактните зони според степенот на заштита. Изработените Елаборати се проследуваат до Управата за заштита на културното наследство на понатамошно постапување.