Археолошки локалитет Градиште , Бразда ” Архео Парк Бразда “
Посета со увид во состојбата на археолошкиот локалитет Градиште , утврдена населба од 5 – 4 век п.н.е каде при археолошки истражувања во 1986 година е откриена уникатна монументална гробница на локален великодостојник.
Гробницата е длабоко вкопана во земја која има правоаголна просторија или комора и влез со шест скалила на јужната страна .Кон влезот води долг пристапен ходник ( Дромос ).Со оглед на тоа дека наоди во комората не беа најдени се претпоставува дека гробницата е ограбена во античко време при што биле раскопани и подните плочи.