УВИД НА ЗАШТИТЕНИТЕ СПОМЕНИЦИ НА КУЛТУРАТА ОД ОТОМАНСКИ ПЕРИОД
Увид на заштитени споменици на културата од Отоманскиот период од страна на тим од НУ Конзерваторски центар – Скопје. Увидот кој е континуирана програмска активност направен е на профаните градби во Старата скопска чаршија која е централно јадро на градби од 15 век. Мустафа пашина џамија, Араста џамија, Ќосе Кади џамија, Безистен ,Сули Ан и Мурад пашина џамија се само дел од градбите на кои е направен увид на состојбите во овие прекрасни зданија од Отоманскиот период.