Реализација на конзерваторско реставраторските работи на престолните икони од црквата Св. Спас во Скопје
Ну Конзерваторски центар Скопје во рамките на редовната годишна програма, заклучно со месец септември заврши со реализација на конзерваторско реставраторските работи на престолните икони од црквата Св. Спас во Скопје. Поставена е ѝ последната од десетте целосно конзервирани престолни икони и северната врата на иконостасот. Тоа е иконата „Исус Христос Седржител“, која поради присуство на повеќеслојно сликарство кое датира од различни временски периоди, малку ја усложни и пролонгира конзерваторската постапка. Работниот тим во состав: Петар Герасимов, конзерватор советник, раководител; М-р. Лабин Томовски, конзерватор советник, член и М-р. Лилјана Кекеновска, виш конзерватор, член, успешно ги заврши работите на непосредна заштита на оваа фаза. Конзерваторско реставраторските работи на преостанатите 29 празнични икони од горната зона, големиот крст со Распетието Христово и придружните икони, продолжуваат…