Конзерваторска интервенција за стабилизација на столбовите на Аквадуктот во Скопје
Реализацијата на проектот “Аквадукт” во Скопје се одвива со несмален интензитет и ова е втор дел од првата фаза. Вредно е да се напомене дека поставувањето на микроколовите е конзерваторска интервенција која за прв пат се применува во нашата држава на објект кој е заштитено културно добро и самото присуство на изведбените работи не прави горди како луѓе што сме дел од овој проект но и како – НУ Конзерваторски центар Скопје, установа која максимално води грижа за заштита на културното наследтво. Поставување на микроколовите (цевасти самобушечки цевки) е дел од Основниот проект – Проект Фундирање и во оваа фаза се работи на 6 столба, столбови кои се најинклинирани, со што ќе се спречи понатамошно наклонување на истите т.е. стабилизирање. Истата постапка ќе се спроведе и на останатите столбови предвидени со проектот.