Реализација на конзерваторско-реставраторскиот проект “Аквадукт” во Скопје
Работна посета на Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска со увид во степенот на реализација на конзерваторско-реставраторскиот проект “Аквадукт” во Скопје . Министерката беше информирана за конзерваторско-реставраторскиот процес кој е предвиден во оваа фаза со досегашните завршени изведбени работи, дренажна конструкција , поставување на челични затеги, со пополнет варов малтер и зеолит, ѕидање со автентичен камен и тула , стабилизација на дел од столбовите со времена оплата и ременати на инклинирани столбови на кои ќе се постават микроколови во темелите , процес кој изискува време и максимална посветеност како и активностите кои ќе предстојат во понатамошниот период.