Реализација на проект “Аквадукт” во Скопје
Во тек е реализацијата на проектот “Аквадукт” во Скопје, во присуство на Мирка Илоска, диа конзерватор советник – раководител на проектот, Цветанка Хаџи Пецова, диа конзерватор советник – конзерваторски надзор и Андреа Таневски , дги – градежен надзор. Ова е вториот дел од првата фаза каде што се поставуваат затеги околу столбовите на место каде што постоеа дрвени греди при што просторот помеѓу затегите и каменот се пополнува со автентичен материјал и се инјектира со малтер ( зеолит ) по рецептура за ѕидање , претходно потготвена и испитана од фирмата Адинг од Скопје. При ѕидањето се вградува и претходно отстранетиот градежен камен. Ѕидаријата се прави без финална обработка на површината на столбовите. По зајакнување на столбовите се преминува на следната фаза, вградување на микроколови по претходно направени дупнатини околу столбовите со вградување на посен бетон со површинско порамнување под врзната конструкција.