Посета на црковниот комплекс “Свети Спас” во Скопје
Црковниот комплекс “Свети Спас” во Скопје беше посетен од страна на учесници на Регионалната конференција на директори на полициските служби, посета во пресрет на 7 Мај, Денот на македонската полиција и безбедност.
На почитуваните гости им беше презентирано нашето историско минато со запознавање на ликот и делото на Гоце Делчев и културното наследство – Иконостасот на нашите мијачки мајстори, иконите на Дичо зограф и фрескоживописот на Димитар А.Папрадишки.