Увид во состојбата на значајното културно наследство “Споменична целина Нова Пошта” во Скопје.
Од страна на Стручен тим во состав – Мери Цветковска, градежен инжинер експерт докторант за опожарени бетонски објекти, Ана Ивановска диа, професор, Петар Јованов диа и м-р Нита Муча, историчар на уметноста беше направен првичен увид за степенот на затрозеноста од опожареност на објектот. Ова е дел од Стручниот тим предводен од Константин Димитровски, диа конзерватор советник кој ќе има задача да изработи Проект за реконструкција, конзервација, реставрација и адаптација по добиени сознанија од истражувачките работи. Главниот фокус на проектот е “Шалтер салата” каде што претрпе најголем степен на загрозаност од настанатиот пожар, при што беше уништен и муралот на Борко Лазески. Престојат и низа други активности – прибирање на техничка документација по многу основи за дополнителни сознанија, кои се предуслов за изработка на проектот – фаза архитектура.