Посета на црковниот комплекс Свети Спас во Скопје
Во посета на црковниот комплекс Свети Спас во Скопје беше Претседателката на Грузија Саломе Зурабишвили, Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, Министерката за култура Ирена Стефоска и Министерката за култура Теа Цуликиани кои положија цвеќе и оддадоа почит на Великанот Гоце Делчев при што ја посетија црквата Свети Спас како и поставката за Гоце Делчев. Како домаќини го презентиравме нашето културно богаство со акцент на велелепниот Иконостас и фреско живописот како и животниот пат на револуционерот и борецот за самостојна и независна Македонија , Великанот Гоце Делчев.