Увид во состојбите на црквата ” Света Петка “во Црниче ,Скопје
Стручен тим од НУ Конзерваторски центар Скопје направи увид во состојбите на црквата ” Света Петка “во Црниче , Скопје.
Црквата која датира од почетокот на 20 век во поголем дел беше оштетена во катастрофалниот земјотрес 1963 година.Внатрешното декорирање ,односно живописот и иконописот беше дело на прочуениот македонски зограв Димитар Андонов Папрадишки, завршено во 1924 година. Целиот живопис беше изведен во темперни бои.Поради оштетувањата кои ги претрпи црквата во земјотресот во 1963 година, фреско-живописот потполно беше оштетен и засекогаш загубен да подоцна 1965 година биде пресликан од зографот Теодосие Коловски од Лазарополе.