СО МИКРОКОЛОВИ СЕ СТАБИЛИЗИРААТ СТОЛБОВИТЕ НА СКОПСКИОТ АКВАДУКТ
Завршува првата фаза од стабилизацијата на столбовите на Скопскиот аквадукт и набргу почнува втората фаза од овој процес, ни рече Коле Чапкановски, директор на Конзерваторскиот центар – Скопје. Скопскиот аквадукт е културно наследство од 6. век, кој на 20 април 2021 беше прогласен за споменик од особено значење и со тоа добива највисок степен на заштита. повеќе