Реализација на проект „Аквадукт” во Скопје
Заштитата на културното наследство особено кога се работи за капитални проекти се приоритет во работењето на установата, секако не занемарувајки ги и останатите проекти и постапувања во спроведување на Годишната програма за 2022 година. Со максимална посветеност и одговорност се работи на реализацијата на овој проект и безмалку катадневно заедно со стручниот тим сме присутни кај Аквадуктот следејки ги активностите кои се спроведуваат. Капиталниот проект „Аквадукт” во Скопје, започна да се изработува во 2019 година, првично со изработка на План за работа, изработка на Идеен проект, изработка на Архитектонски и Градежен проект и изработен Елаборат за ревалоризација сето тоа завршено до 2021 година, при што по поминатите стручни контроли од надлежните институции и спроведување на останати активности во истата кон крајот на 2021 се отпочна и со Реализација на проектот. Во тек се изведбени работи од вториот дел од првата фаза на проектот кој е во завршна фаза.