Работен состанок во ИЗИИС
Работен состанок во ИЗИИС со Благојче Стојаноски, градежен инжинер – статичар .
Добиените сознанија од дополнителните геомеханички истражувања на црквата Свети Никола , село Љуботен , на кои им претходеа дополнителни увиди , доведоа до изнаоѓање на дополнителни архитектонски решенија за апсидалниот дел на конзерваторскиот проект.
Заштитата на културните добра изискуваат време кои преку темелно проучување и согедување од сите ракурси , конзерваторските проекти го изнедрат најдоброто и најсоодветното решение за секој проблем без разлика дали се работи за санација , конзервација или реставрација.