Проект – “Мониторинг на православното културно наследство”
Заштитата на културното наследство е примарен дел во работењето на НУ Конзерваторски центар Скопје каде што скопскиот регион изобилува со културни добра кои преку архитектурата, фрескоживописот, декоративната пластика и орнаментика пленат со духовност и возвишеност.
Црквата “Свети Пантелејмон” во село Горно Нерези од 12 век е најзначаен сакрален објект од овој период.
Заштитата на културните добра беше повод за разговор со Поглаварот на македонската православна црква г.г. Стефан Архиепископ Охридски и Македонски.