Посета на Н.Е. Маркета Пекарова Адамова , Претседателка на Домот на пратеници на Чешката Република на црковниот комплекс Свети Спас во Скопје
Посета на Н.Е. Маркета Пекарова Адамова, Претседателка на Домот на пратеници на Чешката Република на црковниот комплекс Свети Спас во Скопје
Претседателката на Домот на пратеници на Чешката Република, Н.Е. Маркета Пекарова Адамова во придружба на парламентарната делегација, во посета на црквата Свети Спас заштитено културно добро со непроценливото културно богаство .На ценетите гости им беше презентиран величенствениот Иконостас изработен од мијачката тајфа на Макарије Фрчковски и браќата Петре и Марко Филиповски, велелепните Престолни икони на Дичо Зограф и фреско-живописот на Димитрија Андонов Папрадишки. Во склоп на посетата на црковниот компкекс беше презентиран револуционерниот пат на Гоце Делчев во борбата за самостојна и независна држава Македонија.