Објект на ул. Наум Наумовски Борче бр.88 во Скопје
Конзерваторско-реставраторските работи добиваат во својот интензитет на заштитеното културно добро , Објект на ул. Наум Наумовски Борче бр.88 во Скопје.
Се изведува првата фаза од проектот со санирање на кровната конструкција кој е составен дел од конзервација и реставрација на фасадите на објектот кој е еден од белезите на старите културно – архитектонски градби во централното градско подрачје.