Културно наследство црква ” Свети Ѓорги ” село Градовци
Стручен тим од НУ Конзервациски центар – Скопје направи увид во состојбата на споменичното културно добро , црквата” Свети Ѓорги ” во село Градовци ,Општина Залениково која според градбата ,техниката и начинот на сликањето на фрескоживописот со сигурност може да се констатира дека потекнува од средновековниот период т.е. од 13 или 14 век.
Црквата е обновена во 19-тиот век . Според изгледот на градбата од надворешната страна на ѕидовите и различните техники евидентно е дека во минатото црквата имала куполи , специфика од градителството на манастирските цркви од 18-ти и 19-ти век. Фрескоживописот во внатрешноста на црквата е до покривната конструкција и прекинува во долниот и средниот дел на телата на светците , што сведочи како дополнително дека на црквата и недостигаат куполите. Околу црквата се наоѓаат гробови и според сочуваноста на камените крстови на некои од гробовите се знае дека се христијански гробишта.